Литванија се исплаши од заканите на Лукашенко за мигрантите, ќе гради ѕид накај Белорусија

Од:

Литванија има намера да изгради ѕид на 679 километри долгата граница со Белорусија како бариера против протокот на мигранти, изјави премиерката Ингрида Шимоните на денешната прес-конференција.

-Почнуваме да градиме дополнителна физичка бариера што ќе ги оддели Литванија и Белорусија, и ова ќе стане јасен знак и одреден фактор на задржување за оние што го организираат протокот на илегални мигранти, рече таа.

Британските медиуми наведуваат дека премиерката на пресот истакна дека земјата ќе ги вклучи и армиските сили во граничните патроли.

Вилнус неодамна информираше за зголемување на бројот на илегални мигранти приведени на границата со Белорусија, откако од 1 јуни биле регистрирани повеќе од 1.000 илегални мигранти.

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, како одговор на новововедените санкции на ЕУ кон неговата земја, деновиве повеќепати се закани дека Минск повеќе нема да ги спречува оние кои сакаат илегално да емигрираат во земјите на ЕУ, бидејќи земјата нема „ниту пари, ниту сила“ заради санкциите на Западот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп