Пејачката Гвен Стефани (51) и нејзиниот свршеник Блејк Шелтон (45) по шест години врска решија љубовта да ја крунисаат со брак.
Според „Дејли меил“, парот се венчал во неделата на неговиот луксузен имот во Оклахома. Тие се обиделе да сокријат сè од медиумите.
Како што пренесуваат медиумите, на венчавката немало многу луѓе, но било убаво украсено со маси со цвеќиња, а се се одвивало во капелата што Блејк сам ја направил за оваа пригода.
Двојката се вери во октомври минатата година, а пејачката се пофали со прстенот на социјалните мрежи.
Инаку, Гвен има три сина од бракот со Гевин Росдејл (55), а Кингстон, Зума и Аполо живеат со неа и Блејк. Семејството поголемиот дел од оваа година го помина на неговиот ранч во Оклахома.