Почна да се гради Дневниот центар за стари лица во Гази Баба

Од:

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски денеска присуствуваа на започнувањето на реконструкцијата на киното во Маџари, објект кој е предвиден за изградба на Дневен центар за стари лица во општината.

Владата на Република Македонија, како што изјави министерот Спасов, води активна политика со која нуди решение за проблемите на старите лица, превземајќи активности за подобрување на економската и социјалната положба на старите лица.

– За таа цел е донесена и Национална стратегија за стари лица во 2010 година, со која што се предвидува низа мерки, меѓу кои што и мерки за овозможување вонинституционална заштита на старите лица и отворање на дневни центри за овие лица, меѓу кои е и Дневниот центар за стари лица во општина Гази Баба, рече Спасов.

Овој проект, како што истакна тој, ќе се реализира заеднички со општина Гази Баба, при што општината го презема реконструирањето на објектот во кој беше старото кино во Маџари, а Министерството за труд и социјална политика го презема делот околу опремувањето на просторот.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски нагласи дека вкупната финансиска конструкција за овој проект е околу четири милиони денари.

– Општината ќе инвестира 3 милиони и 400 илјади денари за комплетна санација на кровот, фасадата и подовите, комплетна замена на прозори и врати и комплетно уредување на внатрешниот простор, со комплетна санација на електричната инсталација, рече Трајковски.

Дел од овој објект, како што појасни, ќе биде во функција на старите лица, односно ќе се намени за Дневен центар за стари лица.

– Половина од овој објект, веќе во минатото од страна на Министерството за правда беше реконструран и се користи како Матична служба, а останатата половина ќе биде Дневниот центар за стари лица, Народната кујна која што и досега функционираше и останатиот дел ќе биде Месна заедница, рече Трајковски.

Во име на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Аргировски ги поздрави ваквите зафати кои се дел од реализацијата на Националната стратегија за стари лица 2010 – 2020.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска