Криси Тајген уште еднаш ѝ се извини на Кортни Стоден

Од:

Американската манекенка Криси Тајген уште еднаш, овојпат со подолг напис, се извини за непристојните понижувачки објави на Твитер, упатени кон својата колешка Кортни Стоден.

„Ова беа МНОГУ понижувачки неколку недели. Знам дека бев тивка, а и Господ знае дека и вие не сакавте да чуете за мене, но сакам да знаете дека јас седев ’в дупка‘ поради заслужената ’глобална казна‘, на последната ‘магарешка клупа’ – размислувајќи за тоа што го сторив. Ниту еден ден, ниту еден миг не мина, а да не ја чувствувам огромнава тежина на жалење за работите што ги кажав претходно“, пишува Тајген на својата блог-објава.

Стоден за „Дејли бист“ минатиот месец откри како пред 10-на години Тајген ја исмевала кога како тинејџерка, првава се омажи за глумецот Даг Хачинсон, кој е 34 години повозрасен од неа. Кортни тогаш тврдеше дека Криси „на лични пораки ѝ пишувала да се убие“. Тајген се извини, но професионалните последици беа неизбежни.

Тајген во новиот напис вели дека токму сега трае поединечното извинување и до други луѓе кои ги навредувала на социјалните мрежи, иако „за тоа нема никакво оправдување“, како што вели.

„Не барам прошка, туку само трпеливост и толеранција. Барам да ми дозволите, како што ветувам дека и јас ќе дозволам, да имаме грешки во минатото и да ми се даде можност да барам самоподобрување и промена“, вели Криси на крајот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска