Огорчената Ванеса рекла дека Амбер Харт е обична крадливка на мажи.
Американските медиуми пренесуваат дека Ванеса е скршена бидејќи Џони ја остави заради помлада, а за Амбер рече дека е никој и ништо и нема да и дозволи ниту да припари блиску до нејзините деца.
Веста за прекин на 14 – годишната врска помеѓу Џони Деп и Ванеса Паради ја шокираше јавноста.
Новинските написи наведуваат дека главната причина за прекинот на познатите сопружници е младата глумица Амбер Харт.
Џони и Амбер се запознале на филмот „Дневници на румот“ и од тогаш се заедно.
Моментално се во Мексико каде што Џони го снима „Осамениот ренџер“, а додека тој снима, Амбер јава коњ кој го доби како подарок од холивудската ѕвезда.