Бред Пит доби еднакви права со Анџелина Џоли за старателство над децата

Од:

Актерката Анџелина Џоли е решена да ја продолжи својата борба против Бред Пит откако судијата му додели на актерот еднакви права со неговата поранешна сопруга за старателство над децата.

Минатата недела американските медиуми ја објавија одлуката во случајот меѓу Џоли и Пит. На крајот од долготрајната истрага, при што беа испитани многу засегнати страни (вклучително и лекари и вработени), судијата пресуди во корист на 57-годишниот актер, давајќи му еднакво заедничко старателство над нивните деца.

Џоли (46) повеќе од четири години се обидуваше да добие единствено старателство над Пакс (17), Захара (16), Шајло (15), Нокс и Вивиен (12).

Двајцата веќе се жалат на оваа одлука.

„Таа никогаш нема да му прости, постојано повторува дека ова е далеку од крај и сè уште верува дека правдата ќе надвладее“, објави тимот на актерката.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска