СОС Детско село одбележа 12 години постоење

Од:

СОС Детско село-Македонија одбележа 12 години постоење и по тој повод беше посетено од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој искажа задоволство од успешното работење на таа заедница во населбата Ченто, каде во 12 семејни и во две младински куќи се згрижени 89 деца и младинци без родители.

– СОС Детско село се препознава по уникатниот модел, индивидуалниот пристап, квалитетната грижа, имплементираните стандарди и добрите услови за живот. Капацитетите за згрижување на оваа организација не се занемарливи, бидејќи згрижуваат голем број на деца на кои им е потребен топол дом, љубов и грижа, рече Спасов.

Тој потсети на бенефитите што тие ги добиваат од државата – правото на 180.000 денари еднократна парична помош за децата без родители или родителска грижа до 18 години, паричната помош на тие што редовно се школуваат или студираат – на оние кои првпат запишуваат студиска година на државните универзитети, магистерски студии или подготвуваат докторат им се доделува парична помош од 12.000 денари ако користат стан под закуп, односно 24.000 денари месечно ако не користат.

– Во поглед на нивниот работен ангажман, овие лица се вклучени во активните мерки и политики за вработување и првпат оваа година Владата преку Програмата Д-10 вработи 34 деца без родители и родителска грижа во институциите на системот, истакна Спасов.

На прославата беа доделени благодарници на градоначалници, донатори, поддржувачи и соработници на СОС Детското село, а со свои настапи и креативни творби  неа ја збогатија и децата згрижени во СОС Детското село.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска