Спасов: Државата се грижи за децата без родители

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска присуствуваше на прослава на Денот на СОС Детско село кое, како што рече, се препознава по уникатниот модел, индивидуалниот пристап, квалитетната грижа, имплементираните стандарди и добри услови за живот.

– Капацитетите за згрижување на оваа организација не се занемарливи, бидејќи згрижуваат голем број на деца на кои им е потребен топол дом, љубов и грижа, изјави Спасов.

Децата без родители, како што додаде, во ништо не се разликуваат од останатите. – Единствената разлика е судбината, која што си поиграла со нивните животи. Но тука е државата со своите мерки и активности да им помогне на децата без родители и родителска грижа, додаде Спасов.

Децата кои од 18 години се здобиле со статус на деца без родители и родителска грижа, како што нагласи, имаат права на средства од државата во износ од 180.000 денари еднократна парична помош.

– Исто така децата остваруваат и права на парична помош во висина од 4.000 денари, односно 5.600 денари доколку лицето се наоѓа на редовно школување, право на социјално домување, надомест на трошоците за сместување во студентски дом, рече Спасов.

Тој додаде дека во поглед на работниот ангажман овие лица се вклучени во активните мерки и политики за вработување на Владата, а годинава за прв пат се вработени 34 деца без родители и родителска грижа во државните инстутиции.

На прославата на СОС Детското село која се одржува традиционално секоја година свое обраќање имаше директорот на СОС Детското село Виолета Георгиевска, како и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

СОС Детското село во Скопје започна да функционира во 2002 година. Во селото има 12 семејни куќи и две младински куќи каде се згрижени 89 деца и младинци.

Освен во полето на заштита, Детското село е активно и во полето на превентивата во два Советодавни центри кои функционираат во рамките на општините Гази Баба и Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска