Пет години по објавата дека почнала да ја проучува саентологијата, Кејти Холмс и официјално се врати во католичката религија, регистрирајќи се како припадник на црквата Свети Франсис Ксавиер во Њујорк.
„Сите се воодушевени што Кејти ни се врати“, рече член на споменатата црква.
„Уште не била на служба но кога ќе дојде ќе ја дочекаме со раширени раце.“
Оваа црква е позната по инклузивниот начин на размислување, па во неа посебно се добредојдени геј и лезбиските католици. На сајтот на црквата стои дека тоа е место каде ,отуѓените и маргинализирани групи наоѓаат дом и место каде што луѓето се помируваат а односите се обновуваат.
Извори блиски на Кејти велат дека е задоволна со разводот и тоа што го добила вклучувајќи го и целосното старателство над шестгодишната Сури.