Ѕвездата на популарната телевисика серија „Лудите 70-ти“, Лајза Робин Кели била уапсена во јужна Калифорнија поради возење во алкохолизирана состојба, објави „Хафингтон Пост“
Полицајците забележале дека 43-годишната Кели покажува знаци на пијанство додека и помагале да го тргне расипаното возило од автопатот во близина на местото Барбанк.
Глумицата била упасена, но подоцна била пуштена од затвор со кауција од 5.000 долари. Ова не е прва „блиска средба“ на Кели со полицијата. Лани во ноември Кели и нејзиниот сопруг Роберт Џозеф Гилијан беа уапсени поради „вознемирување на соседите“.
Кели стекна слава со улогата на Лори, сестрата на главниот лик во серијата „Лудите 70-ти“, Ерик Форман.