(ВИДЕО) Менкиноски: Русковска не ја кажува вистината кога вели дека фамозната белешка не е доказ за притворот на Камчев

Од:

Адвокатот Тони Менкиноски денеска на прес-конференција рече дека не е вистина тврдењето на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска дека белешката од Агенцијата за национална безбедност не е доказ во постапка во која е притворен Јордан Камчев.

Менкиновски рече дека според сите решенија на судот со кои е ограничена слободата на Камчев, експлицитно еден и единствен доказ е белешката на АНБ.

– Белешката е празна и не содржи ништо. Да напоменеме согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ ,изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка. Би сакаме да потсетиме дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белкешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки, забележа Менкиновски.

Менкиновски прашува прашува зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ и дали тој претставува закана по националната безбедност.

Според него, направени се повреди во постапката од АНБ, од обвинителката Лиле Стефанова и од судиите од Кривичниот совет кои одредија и ја продолжија мерката притвор за Камчев.

Рече и дека одбраната се уште ја нема добиено белешката од АНБ и оти бараат фер постапка пред објективен и непристрасен орган, каде низ аргументи и докази ќе докажеле дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи, како што наведе, за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик.

Тој информира дека предметот е веќе на опсервација и разгледување на повеќе меѓународни ентитети на Советот на Европа, чиј мандат е заштита на основните човекови права.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов