Во Вашингтон пуштија да се прават свадби, ама да нема играње

Од:

Градоначалничката на главниот град на САД, Мјуриел Баузер, во интервју за телевизијата Си-ен-ен го одбрани своето решение да забрани танцување на свадбите во Вашингтон, подвлекувајќи ги успесите постигнати од градот во борбата со пандемијата.

Баузер на 26 април објави дека во Вашингтон повторно е дозволено да се прават свадби, но со ограничен број гости и без стоење или танцување, затоа што таа практика го зголемува ризикот од пренесување на коронавирусот.

Таа истакна дека младоженците не треба да се ставаат во ризик себеси и гостите.

-Мислам дека во свадбите има многу добрина, луѓето започнуваат заеднички живот и го прават тоа на безбеден начин, без да се ставаат во опасност себе или своите гости, изјави таа синоќа во интервјуто.

-Оваа вест може да се претстави и поинаку: сега во Вашинтон може да се прават свадби, рече Баузер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски од Вашингтон најавува средби со државнци, бизнисмени и со дијаспората

Катерина Ѓуровски

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Спасовски и Робинсон од Вашингтон: Потврда за поддршка и признание за постигнатите одлични резултати во борбата против трговија со дрога

А1он

Белата куќа: Не повлекуваме црвени линии за Израел, ќе продолжиме да го поддржуваме

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Екстремно топло, продолжуваат мерките за заштита од жештините

Катерина Ѓуровски