Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

Од:

Лидерите на Европскиот сојуз за промена, Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон. Од таму преку соопштение велат дека во текот на денот биле остварени средби со конгресмените Ричи Торес и Роберт Андерхолт, копретседатели на парламентарната група за албански прашања на Претставничкиот дом на САД.

„Фокусот на средби во САД со високи претставници на американскиот Конгрес продолжува да биде силната поддршка што американската држава треба да и ја даде на Северна Македонија за остварување на заедничките стратешки цели, како што е полноправното членство во евроатлантските структури. Ова значи и искоренување на последниот руски влијанија во нашата земја, како што се обидите да се обноват актерите на про-Кремљската династија преку злоупотреба на правниот систем и уништување на демократијата. Нашиот регион, сега повеќе од кога било, е изложен на ризик од ескалација на ситуацијата. Секој канал на влијание треба да биде отсечен од злонамерна пропаганда, особено во овие важни моменти за конечно решавање на односите на Косово со Србија“, велат од коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократското движење.

Тие велат дека во Македонија како земја членка на НАТО не треба да има место за политичари кои гледаат во минатото, со тврдење дека има поддршка само за оние кои се вистински посветени на иднината на земјата и што поскоро интегрирање во европското семејство.

Би можело да ве интересира

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје – Блаце?

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Спасовски и Робинсон од Вашингтон: Потврда за поддршка и признание за постигнатите одлични резултати во борбата против трговија со дрога

А1он

Садики-Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието