После освојувањето на титулата европски првак во фудбал, репрезентативецот на Шпанија и фудбалерот на Барселона, Цеск Фабрегас се наоѓа на заслужен одмор во земјата на нивните противници – Италија.
Пред почетокот на припремите за наредната сезона во Примера и Лигата на шампионите, шпанскиот фудбалер во друштво на девојката Даниела Семан, ужива во убавините на италијанскиот брег во местото Порто Церве.
Двојката не ја вознемирија љубопитните погледи и тие уште на плажата си разменувале нежности и бакнежи, а интересно е тоа што двајцата одбраа црвени костими за капење, бојата на шпанската репрезентација.