Ема Стоун стана мајка

Од:

Глумицата Ема Стоун го роди своето прво дете, со нејзиниот сопруг Дејв Меккари. Девојчето се родило на 13 март во Лос Анџелес, како што објави списанието „Ел“ и тамошните медиуми. Актерката и нејзиниот сопруг сѐ уште не ја потврдиле веста.

Ема Стоун се омажи за Дејв Меккари во септември лани, девет месеци по свршувачката. Тие двајцата не сакаат да откриваат подробности за нивниот личен живот. Се запознале 2016 година, кога глумицата гостуваше во емисијата „Во сабота навечер, во живо“. Покрај тоа што е режисер, Дејв е и комичар и сценарист. Нивната врска започна во 2017 година.

Следниот филм каде што нејзините обожаватели ќе ја видат е „Круела“ во насловната улога на негативката од „101 далматинец“. Филмот ќе излезе на 28 мај. Ема Стоун, инаку, има добиено и Оскар за најдобра главна женска улога, за мјузиклот „Ла-Ла Ленд“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска