Грција се надева дека во мај ќе почне да го отвора туризмот

Од:

Се надеваме дека во мај, кога ќе бидат вакцинирани нашите сограѓани над 60 години, ќе можеме постепено да го отвориме и туризмот, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, истакнувајќи дека сепак сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика во земјата и процесот на имунизација.

Пелони ги соопшти планираните рокови за постепено укинување на рестриктивните мерки во земјата, во зависност од ситуацијата со пандемијата, а почнувајќи од училиштата и малопродажбата на крајот од месецов, во април угостителските објекти и во мај – туризмот.

Портпаролката посочи дека малопродажбата ќе може да се отвори со одредени правила, пред крајот на март, но „доколку тоа го дозволат епидемиолошките податоци и доколку за тоа има позитивна препорака од Комисијата.“

-Планот е до крајот на март да се отворат и средните училишта, а како што ќе се оди напред имунизацијата, ќе почнеме и со најранливите групи и со зголемените испораки на вакцините што се очекуваат во вториот квартал од годината, се надеваме, доколку тоа го дозволат епидемиолошките податоци, дека во април ќе говориме за нова фаза, во која ќе може да се отворат угостителските објекти во надворешниот дел, а подоцна, во мај кога ќе бидат вакцинирани нашите сограѓани над 60 години да можеме постепено да го отвориме и туризмот, објасни Пелони.

Портпаролката на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека планот е до крајот на месецов да бидат вакцинирани еден милион граѓани, а до крајот на април, сите што се постари од 60 години да имаат примено барем една доза од вакцината .

Во однос на моменталната епидемиолошка состојба во земјата рече дека е особено влошена, со оглед на тоа дека минатата седмица имаше зголемен број новозаразени.

-Се чини дека напорите во оваа фаза стануваат потешки поради заморот на сите нас, но и поради мутациите, кои вкупно достигнаа од 60 до 70 отсто од новите случаи, додека во Атика и на Крит се приближуваат до 90 проценти. Процените се дека пред нас имаме уште тешки денови. Но, сме во последната милја од маратонот и должност на сите е да ги следиме препораките на експертите, истакна Пелони.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски