Глумицата Кетрин Хајгл е мајка на две посвоени ќерки и син

Од:

Глумицата Кетрин Хајгл, можеби најпозната по улогата во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“, денес има поважна улога – мајчинството.

Хајгл и нејзиниот сопруг Џош Кели, првпат станаа родители кога ја посвоија сега веќе 12-годишната ќерка Налеј од Јужна Кореја, кога таа имала само 9 месеци. Оттогаш, тие ѝ посакаа добредојде и на осумгодишната Адалаида, и на четиригодишниот биолошки син Џошуа. Во априлското издание на списанието за родителството и семејството – „Перентс“, Хајгл говори за тоа како се справува со нејзината кариера, децата, домашните миленичиња, како и со корона-карантините.

– Ова е најдолгиот период којшто постојано го минувам со моите деца. И, отпрво правењето ручек ме инспирираше, но сега сум ваква – „Деца, сами направете си сендвич“!, ја почнува актерката својата приказна.

Говорејќи за посвоените деца, таа вели дека тие сами ќе одлучат дали сакаат да дознаат повеќе – и колку повеќе – за своите биолошки мајка и татко.

– По двете посвоени ќерки, „ми олесна“ кога дознав дека сум бремена со машко пред пет години. Тоа беше, всушност, големата причина зошто толку се двоумев меѓу тоа – повторно да се обидам да останам бремена или пак да посвојам, бидејќи со посвојувањето може да го одредите полот. Си помислив – уште едно девојче може да значи „доживотна терапија“ за сите нас!, вели Хајгл.

Натаму, таа вели дека со сопругот Џош засега не планираат повеќе деца, но може да вдомат уште некое куче, доколку се согласи тој.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска