Џејмс Ерл Џонс полни 90 години

Од:

Еден од, можеби, најпрепознатливите гласови во светот на филмот, Џејмс Ерл Џонс в недела ќе го прослави својот јубилеен 90-ти роденден, во свој, соодветен стил, во неговиот дом во северен Њујорк.

– Морам постојано да се потсетувам дека ми е роденден. На тој посебен ден, ќе направам исклучок и ќе уживам во парче торта со јагоди, мојата омилена!, изјави славниот американски глумец за „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Џонс вели дека се чувствува фантастично и благодарно на своите 90 години.

– Гледајќи наназад на мојот живот и опсежната кариера, јас сум многу горд на мојата работа и достигнувањата. Обожавам да стареам и да станувам помудар со текот на времето, вели тој.

По повторувањето на гласовните улоги на Муфаса во преработката на „Кралот лав“ од 2019 година и, како Дарт Вејдер во последните филмови од серијалот „Војна на Ѕвездите“, Ерл Џонс глуми и во „Доаѓање во Америка 2“ – вториот дел на хит-комедијата со Еди Марфи од 1988 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска