Министерот Спасов на одбележување на Денот на социјалните работници

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на социјалните работници во Република Македонија.

– Промоцијата на социјалната работа е клучна за секоја  држава, но и голем императив за социјалните работници. Преку вклучувањето на социјалните работници во различни подрачја на делување ќе се  овозможи навремено идентификување на социјалните потреби и проблеми  на граѓаните, нивна социјална превенција, заштита на човековите права, како и  развивање на  нивните потенцијали за активно вклучување во подобрување на квалитетот на живот, истакна Спасов.

Додаде дека Владата на Република Македонија, преку Министерството за труд и социјална политика, ќе продложи да го јакне невладиниот сектор, како клучен стратешки партнер во креирањето и имплементацијата на владините политики и програми.

Претседателот на Здружението на социјални работници на Град Скопје, Славица Шекуткоска, во знак на признание за досегашната поддршка, соработка и заеднички постигнати успеси во реализирање на активностите на Здружението и Министерството за труд и социјална политика, на министерот Спасов му врачи благодарница.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска