Досегашниот претседател на Африканската унија, Муса Факи Махамат, денеска на самитот во Адис Абеба е реизбран за нов четиригодишен мандат во чело на организацијата, наведуваат извори од организацијата.
„За вториот мандат на Муса Факи како претседател на Комисијата на Африканската унија гласаа 51 од 55 земји-членки“, напиша на Твитер портпаролот на АУ, Еба Калондо, по првиот ден од виртуелниот самит на АУ.
Поранешниот премиер на Чад денеска беше единствениот кандидат за функцијата прв човек на најголемата организација на црниот континент.