Од мали нозе во ринг, за да ги прехранат сиромашните родители

Од:

Малолетници во Тајланд се борат во ринг за победа и слава, за да ги прехранат нивните сиромашни семејства.

Момчиња и девојчиња ја тренираат боречката вештина Mai Tai, познат национален спорт и учествуваат на турнири пред многубројна публика.

Овие борци се славни личности во Тајланд, па затоа многу деца од мали нозе се обидуваат да бидат шампиони во оваа боречка вештина.

Телевизискиот пренос на борбите е најпопуларно шоу во Тајланд, а улиците на селата и градовите се празнат кога се пренесуваат големите мечеви.

На овие фотографии се деца борци на големиот турнир во покраината Бурирам на 400 километри од Бангкок.

Иако се само деца, борбата е вистинска и не се воздржуваат да му зададат силни удари на противникот.

Многу од овие мали борци во тајландските градови ги праќаат нивните сиромашни родители од руралните североисточни делови на земјата, за да тренираат и да станат познати за да можат да ги прехранат семејствата.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник