Познатиот боксер Владимир Кличко се забавува со Санела Дијана Џенкинс од Сараево, пренесуваат хрватските медиуми. Двојката е видена на хуманитарна акција во Лос Анѓелес минатата недела. Според зборовите на очевидците, Кличко и Санела изгледале заљубено.
како што пренесува „24sata.hr“ 36-годишниот спортист е во врска со три години постарата Санела веќе неколку месеци.
„Босанската Лејди Ди“, како што многумина ја нарекуваат, е родена во Сараево, а во моментов живее во Калифорнија. Студирала во Лондон, каде ја основала компанијата за производство на костими за капење.
Минатото лето се развела од британскиот банкар Роџер Џенкинс, со кого има две деца. Причината била, наводно нејзината афера со Гај Ричи.
Кличко нема брак зад себе. Освен врската со американската актерка Хајден Панетије, медиумите го поврзуваа и со супермоделот Каролина Куркова.