Актерката Кетрин Зета-Џонс на социјалната мрежа Инстаграм објави нова фотографија на која позира со сопругот Мајкл Даглас со кого неодамна прослави 20-годишнина од бракот, а сите коментираа само за нивната разлика во возраста и изгледот.
Имено, актерката објави селфи на кое парот позира во опуштена верзија, а големо внимание привлече нивниот физички изглед, односно разликата од 25 години, која сега е многу забележлива.
– Добро утро – напиша актерката под фотографијата која собра над сто илјади лајкови и многу коментари од нејзините обожаватели.
„Вие сте вистинска убавица, а тој е дедо“, „Среќен Божиќ и на двајцата“, „О Мајкл изгледа навистина старо“, „Најубави сте на светот“, „Луѓето стареат, барем оние што имаат среќа да го доживеат тоа“, „Убава Кетрин“, беа само некои од коментарите на обожавателите под сликата.