Хаос во исплатата: лица со блокирани сметки распределени во банки кои не нудат можност парите да се подигнат

Од:

Иако ја добиле, помошта од 6.000 денари од државата е недостапна за дел до корисниците кои имаат блокирани сметки оти не сите банки отвораат посебни сметки за оваа намена. Без наменски сметки, парите не им се достапни поради блокадата, а од банките во кои биле распределени, дел од корисниците на помошта денес добиле објаснување дека парите што за нив биле префрлени во банката ќе бидат вратени во буџетот. Им укажале решение на проблемот да бараат од Генералниот секретаријат на Владата.

„На писмено ни одговорија дека нема да ни ги исплатат парите оти не отвораат наменски сметки, а парите што се за нас префрлени во нивната банка рекоа дека ќе ги вратат во буџетот. Цел ден трчаме по банки. Се обидовме да отвориме ваква наменска сметка и во банките кои на своите веб – страници соопштиле дека ќе отвораат наменски сметки, но ни одговорија дека не знаат како да постапат со нас, оти нашите пари се веќе префрлени во друга банка. Се обидовме и приговор да поднесеме на страницата ’купувај домашно’, но нема можност за приговори. Сега не знаеме ни кому ни каде да се обратиме“, велат за „А1он“ граѓани со блокирани сметки во „Про Кредит“ кои денес не успеале да ги извадат парите од државната помош.

На лицата со блокирани сметки од „Про Кредит“ денес им кажале дека нивните пари ќе бидат вратени на државата

Банката „Про Кредит“ не одговори на прашањата од „А1он“ за причините поради кои не даваат можност за отворање наменски сметки и дали парите на лицата со блокирани сметки се веќе вратени на државата.

На прашањата дали парите за ваквите граѓани ќе бидат префрлени во банки кои отвораат наменски сметки и како ќе го решат проблемот за граѓаните да ја добијат помошта, од Владата не одговорија конкретно.

„ Оние граѓани коишто се со блокирани сметки, согласно Законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка“, е одговорот од Влада на прашањето како ќе го решат проблемот со лицата кои имаат блокирани сметки, а распределени се во банки кои не отвораат наменски сметки.

И во ажурираната листа, објавена вечерва, граѓани со блкирани сметки се распределни во истите банки од кои не можат да ги извадат парите, а можност за приговр немаат

Вечерва од Владата известија и дека ја ажурирале листата на лицата кои добиле државна помош и дека таа сега е комплетна.

Граѓаните со блокирани сметки кои денес не добија наменски сметки од банките, веднаш ја проверија и ажурираната листа, но и во неа нема решение за нив.

„Нема промени ниту во банката, ниту пак имаме можност да поднесеме приговор“, се пожалија граѓаните со блокирани сметки кои цел ден талкаат по банки.

Одговори на прашањата како ќе се постапува со овие граѓани чии пари повторно ќе се вратат во државната каса не добивме ниту од Министерството за финансии, од каде нема објаснување ниту зошто граѓаните со блокирани сметки биле распределени во банки кои не нудат можност за отворање наменски сметки.

На списокот банки на страницата kupuvamdomasno.gov.mk има тринаесет банки, но само половина од нив на своите веб- страници имаат известувања дека ќе вршат исплата на помошта и на граѓани кои имаат блокирани сметки. Останатите или воопшто немаат соопштенија или пак во соопштенијата дека почнале со исплата на државната помош не ги споменуваат лицата со блокирани сметки.

Банките кои вршат исплата и отвораат наменски сметки ги повикуваат корисниците до петок да ги ажурираат податоците, да отворат наменски сметки и да си ги подигнат парите заклучно со петок, 25. 12.2020 оти не можат да ги ослободат овие средства од активни или идни блокади по овој датум.

Парите од државната помош за сите останати граѓани се достапни без рок во кој треба да ги потрошат, а можат да ги подигнат и во кеш.

Во сите банки овие три дена, колку што трае исплатата на помошта, има метеж и групирање и покрај апелите граѓаните да не ги подигнуваат парите од филијалите туку да плаќаат со картички или да користат банкомати.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски