Сузан Бојл е прегласна, па им пречи и на соседите. Тие се жалат на британската пеачка, затоа што дома таа пее и пушта толку гласна музика која им пречи.
Тереза Милер, сосетка, се пожалила на надлежните во Блекбурн која ужива во музиката дури и во раните утрински часови.
И додека милиони фанови се пресреќни да ја чујат оваа пеачка сензација, нејзините песни изгледа им додеаја на соседите, пишува „The Sun“.
„Некогаш пее толку гласно, што ни пречи. Ја замолив да биде потивка, но таа тврдо продолжи по свое“, изјавила Тереза.
И она што им пречи е што сузан повторува цело време ист репертоар со часови.
Сузан Бојл ја воодушеви публиката ширум светот, и стана светска сензација со неверојатниот глас, појавувајќи се на британскиот наптревар „Британија има таленти“, пеејќи ја „I Dreamed a Dream“.
Жирито занеме од нејзиниот глас и интерпретација.