Авторот на книгата за рок легендата Мик Џегер „Mick: The Wild Life and Mad Genius of Jagger“ Кристофер Андерсен открва детали за фаталната љубовна врска помеѓу поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни и фронтменот на Ролинг Стоунс во 90 – те години.
Андерсен вели дека Бруни била толку вљубена во Мик што се согласила да оди со него на турнејата во Тајланд, еден ден откако неговата сопруга Џери Хол му роди ќерка на Мик.
Сопругата на на Џегер се посомневала дека Карла отишла со Мик на турнејата и подоцна пронашла порака во која Карла му напишала на Мик, „Јас сум твоја засекогаш“.