Во деновите кога Ванеса и Џони Деп раскинаа, рамо за плачење беше нејзиниот поранешен дечко Лени Кравиц. Ванеса и Кравиц беа во врска во 1990-та година, но останаа во контакт.
„Пред Ванеса да се запознае со Џони, Лени беше љубовта на нејзиниот живот. Иако нивната романса не траеше долго, тие останаа блиски пријатели за сите овие години“, пишуваат медиумите.
„Ванеса комуницираше со Лени во месеците кога таа и Џони беа пред раскинување. Таа имаше потреба од разговор со некој кој ќе ја разбере и нема да осудува. Таа знаеше дека Кравиц ќе биде тука да ја ислуша“, велат нејзините пријатели.