Најдобрата тенисерка на светот, 25-годишната Марија Шарапова и кошаркарот Саша Вујачиќ, ќе се венчаат на 10. ноември, а не ова лето како што беше планирано.
Градот во кој ќе го изговорат судбоносното „да“ е Истанбул, каде Вујачиќ од минатата сезона игра за Ефес Пилсен.
Свадбата е одложена поради обврските на Шарапова, а пред се поради Олимписките игри во Лондон.
„Ја гледав свадбата на принцот Вилијам и Кејт, на телевизија. Ми се допадна венчаницата. Сепак нашата свадба нема да биде ниту приближно така грандиозна. Ќе бидеме опкружени само од најблиските луѓе“, вели Шарапова.