ОН го процесуираат барањето на Србија

Од:

Обединетите нации го ставија во процедура барањето на Србија нејзините државјани обвинети пред Хашкиот трибунал казната да ја служат во својата држава.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во писмо до премиерот на Србија, Ивица Дачиќ напиша дека бара целосна процедура за ова прашање од Меѓународниот суд за поранешна Југославија.

Претседателот на Трибуналот Теодор Мерон го извести Бан Ки Мун дека проценката е во тек и дека конечната одлука е на Советот на безбедност, кој треба да разгледа дали ќе се смени праксата во врска со извршувањето на казната.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски