Патријархот Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава

Од:

Упокоениот српски патријарх Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава во Белград, јави РТС.

Патријархот Иринеј, ако нема поинаку одрдено во својот тестамент, ќе биде првиот патријарх погребан во Храмот. До изборот на новиот поглавар на Српската православна црква (СПЦ), наследникот на патријархот Иринеј, неговите должности ќе ги извршува Синодот на СПЦ, со кој ќе раководи најстариот член. Изборот на патријарх се врши најдоцна во рок од три месеци од денот кога престолот на патријархот е испразнет. Правилата предвидуваат новиот патријарх да се избира на Собор, „на апостолски начин“, со ждрепка, помеѓу тројцата кандидати со најмногу гласови. За време на претходниот избор, најмногу гласови доби митрополитот Амфилохије.

По повод смртта на патријархот Иринеј, сочувство до Синодот на СПЦ, свештените лица, монаси и верниците на Српската православна црква испратија официјални лица на Србија и регионот, како и политички партии.

Во катедралната црква Свети Архангел Михаил во Белград се одржа помен за патријархот Иринеј.

Медиумите пишувајќи за дејноста на патријархот Иринеј наведуваат да „поради настаните на меѓународно црковно и политичко ниво, СПЦ станала вознемирена – дали украинскиот спор меѓу Вселенскиот патријарх и Московската патријаршија може да се прелее на нејзините делови во Северна Македонија, Црна Гора и пошироко во дијаспората каде што има своја организација.„

-Патријархот Иринеј беше јасен во својот став дека СПЦ смета да Руската црква е во право кога го обвинува патријархот Вартоломеј за „упаѓање на нејзина канонска територија“ во Украина и давање автокефалност на одредени црковни организации надвор од правилата, пишува Н1.

Оваа година СПЦ беше скоро целосно обележана со коронавирусот. Неодамна почина митрополитот црногорски и приморски Амфилохије, претходно ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи.

Српскиот патријарх Иринеј (90) умре утринава во Белград од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој почина на 30 октомври од последици од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски