Најславната американска старлета Ким Кардашијан призна дека во иднина планира да отид „под нож“ за да ги подигне градите.
„Сигурна сум дека откако ќе родам еден ден, ќе морам да ги подигнам градите“.
„Немам ништо против пластичните операции. Мојата мајка имаше корекција на лицето. Сепак засега ништо не би менувала на себе и смешно ми е кога луѓето тврдат дека сум го оперирала носот, образите и усните. Тоа не е вистина“, вели Ким.