Саша Барон Коен донира 100.000 американски долари во хуманитарни цели во Оклахома Сити во име на Џенис Џонс – бебиситерката која глумецот ја измами, односно ја изигра за потребите на „Борат 2“ и нејзината улога. Сега таа е невработена.
Тоа го откри Дерик Скоби, пасторот во баптистичката црква на Џонс. Тој ќе ги распредели средствата по нејзино барање.
– Парите ќе бидат искористени за засолниште, храна и помош во студените периоди и прекини на електричната енергија со кои се соочува градот во ова време, изјави отец Скоби.
Донацијата на Коен следува откако пасторот отвори сметка на „Гоу-фанд-ми“ за помош на Џенис, која како и многу други во пандемијата на коронавирусот, остана без работа.
За учеството во филмот, таа добила 3.600 долари.