Американската пејачка, актерка и продуцентка Лејди Гага објави ново селфи на социјалната мрежа Инстаграм, а пораката што сакаше да ја испрати е навистина силна.
Имено, таа објави секси фотографија во црна деколтирана маица и ги стакна градите. Иако сите гледаа во нејзиното деколте, поентата на фотографијата беше да ги повика луѓето да гласаат за новиот претседател на Америка на изборите оваа година.
– Денеска е национален ден на шефовите, фантастичен за да проверите каков е планот на вашиот шеф за гласање, за да го направите и вие вашиот, беше напишано во објавата.
Фотографијата собра над 1,5 милиони лајкови, а бројот на луѓе што ја следат Лејди Гага на Инстаграм постојано расте, па сега има 44.6 милиони фанови на оваа социјална мрежа.