Во организација на Министерството за труд и социјална политика денеска во Градскиот парк ќе биде одбележан „Меѓународниот ден на семејството“ – 18 Мај.
Предвидена е програма со богати забавни активности, како и анимација за најмалите и нивните семејства.
Програмата ја подготвија Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје и членовите на детскиот хор „Златно славејче“.
Овој ден пред 20 години е утврден од страна на генералното собрание на Обединетите Нации за Меѓународен ден на семејството.