Шенон Доерти подготви облека за својот погреб: Се плашам и тажна сум

Од:

Американската актерка и продуцентка, 49-годишната Шенон Доерти, која се прослави со улогaтa на Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“, со години се бори со тешка болест.

Таа неодамна призна дека напишала проштални писма и снимила видеа што им ги посветила на семејството и пријателите, а што сака да им ги остави по смртта. Таа додаде дека нашла и песна што би сакала да се пушти на нејзиниот погреб.

Станува збор за познатата песна Tears In Heaven, а сега откри дека ја одбрала облеката во која сака да биде погребана.

– Знам во што сакам да одам во друг свет. Подготвив фустан што го добив од една од моите најдобри пријатели пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдоброто сеќавање, започна таа.

View this post on Instagram

Awareness, advocacy and fundraising are crucial in our fight against breast cancer. I am sharing my personal journey with @elleusa in hopes of bringing more attention to this disease and to continue connecting with my cancer family. This isn’t about being a warrior or a survivor. It is about continuing to live and thrive with cancer. I continue to be inspired by the stories so many of you share with me. You have my admiration, love and support. Yes we are strong. We are also just human, with much to still do and accomplish….. and we can. To read full story visit link in my bio. For more information on breast cancer, you can visit @su2c and @americancancersociety. Thank you @ninagarcia and Elle magazine and always thank you @kurtiswarienko for your artistry. #breastcancerawareness

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

– Во последните неколку месеци се обидував да коригирам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Се обидувам да го живеам животот во потполност и да уживам во ова малку време што ми преостанува, рече актерката.

View this post on Instagram

Then there’s us. Always.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

– Исплашена сум, секако дека ми е страв. Не знам што ме чека кога ќе го испуштам последниот здив и каде ќе оди мојата душа. И тажна сум затоа што нема да можам да ги гледам моите пријатели уште неколку години, да се дружам со нив, да ги бакнувам и гушкам. Но, тоа е живот. Мора да прифатите сè што ви носи – и добро и лошо – заклучи Шенон Доерти.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска