Реконструиран пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“ во Скопје

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија Беким Незири денеска го посетија реконструираниот пензионерски дом „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Ристовски информира дека комплетно, пред рокот е завршена реконструкцијата на домот, при што целосно се заменети вратите и прозорците, а на пензионерите им се овозможува подобар престој.

– Во завршна фаза е набавката на грејни тела кои ќе бидат на принцип на електрични палети, a ќе бидат поставени во секој од становите, што беше договорено со пензионерите, рече Ристовски.
Тој најави дека ќе бидат реконструирани и останатите пензионерски домови на територијата на Република Македонија, а ќе се почне со домот во Чаир и во Крива Паланка.

Незири истакна дека задачата што ја добиле од Владата, поточно, иницијативата од премиерот Никола Груевски, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување почнал да ја реализира во декември.

– Сменети се над 60 прозорци, прозорците во поткровјето и на балконите. Со ова нема да заврши нашето инвестирање во овој пензионерски дом. Отворен е новиот тендер за набавка на грејни тела и во континуитет ќе ги следиме потребите на пензионерите сместени во овој дом, рече Незири.
Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски истакна дека тука не било вложено 35 години.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска