Жан Митрев се оградува од обвинетиот терорист во Германија: Тоа не е мојот син!

Од:

„Тој не е мојот син“, вели Жан Митрев, сопственикот на истоимената клиника, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев, лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.

Во акцијата биле приведени двајца Турци (едниот 21 годишен, другиот 22 годишен), како и 24-годишниот Митрев, кој сега е првообвинет.

Над 170 полицајци, меѓу кои и специјалци биле вклучени во акцијата, а во рацијата во нивните домови биле пронајдени документи и податоци за организацијата.

Од изјавата што сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ ја даде за „А1он“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.

„Тоа не е мој син! Случајно има исто презиме како моето“, ни изјави вчера Митрев.

Денеска, кога прашавме да ни објасни подетално, каква е неговата поврзаност со Филан Митрев, тој одговори:

„Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син!“, за подоцна да каже дека станува збор за „лажни вести“.

Филан Митрев

Веста за акцијата на германската полиција наеднаш се прошири во македонската јавност вчера, дури 10 месеци подоцна. Во меѓувреме, во Франкфурт е веќе почнат судскиот процес против сега 25-годишниот Митрев, а тој се товари за насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад и за подготовка на самоубиствен напад кој планирал да го изврши врз паб во Заксенхаузен.

Судскиот процес, како што објавија и дел од македонските медиуми, е детално опишан од страна на германскиот локален медиум „Франкфуртер Рундшо“.

Инаку, Филан живее во Германија заедно со неговата сестра и сопругата на д-р Митрев од првиот брак. Тој пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам, а германскиот медиум, како што пренесуваат медиумите, сега го опишуваат како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.

Тој, според германските медиуми и претходно бил апсен за грабеж и за насилство, а во текстовите се наведува дека потекнува од угледни родители, односно дека неговиот татко е познат кардиохирург од Македонија, неговата мајка е медицинска сестра, а неговата сестра одлична ученичка и успешна ракометарка во Хесен.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“