Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

Од:

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Фридрих Мерц се согласи да ја поддржи Илзе Ајгнер од баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) за функцијата претседател на Германија, по неколкунеделни тензии меѓу овие две сестрински партии, објавија денеска германските медиуми.

Илзе Ајгнер, која моментално е претседател на баварскиот покраински парламент, би станала првата жена на чело на германската држава доколку биде избрана од Сојузното собрание – тело составено од пратеници во Бундестагот (долниот дом на парламентот) и претставници од 16-те германски сојузни покраини.

Официјално соопштение за наследникот на актуелниот германски претседател Франк-Валтер Штајнмаер, чиј мандат истекува следната година, се очекува во понеделник, изјави портпарол на ЦДУ за агенцијата Ројтерс.

ЦСУ ја предложи Илзе Ајгнер за германски претседател уште претходно оваа година, но ЦДУ се двоумеше да даде поддршка додека Мерц разгледуваше други опции, што доведе до затегнати односи меѓу двете партии.

Ајгнер (61) е електротехничар по професија, а работела на развој на електрични системи во компанијата за производство на хеликоптери „Еурокоптер“ (Eurocopter).

Таа ја започнала својата политичка кариера во локалната политика, пред да биде избрана во сојузниот парламент во 1998 година.

Подоцна била министерка за земјоделство во владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, по што се вратила во својата матична покраина Баварија, каде што во 2018 година станала претседател на покраинскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Протести ќе има во Германија, луксузните продавници се подготвуваат за нереди

Катерина Ѓуровски

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото