(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

Од:

Две лица загинаа во тешка авионска несреќа што се случи попладнево на автопатот А2 во Германија, недалеку од Магдебург.

Малиот авион падна директно на коловозот, по што избувна голем пожар.

Екипите за спасување пронајдоа речиси целосно уништен авион, додека еден од најважните патни правци во земјата беше блокиран.

Несреќата се случи на 6 ноември, околу 14:48 часот, на делницата од автопатот помеѓу Бург и одморалиштето Кренберге, во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт.

Според информациите од полицијата во Магдебург, авионот од непознати причини изгубил височина и завршил на патот.

Веднаш по падот избувна пожар кој го зафати речиси целиот авион.

И покрај тоа што несреќата се случи на прометен автопат, ниту еден автомобил не беше директно вклучен во инцидентот, а меѓу возачите немаше повредени.

Би можело да ве интересира

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ

Германски медиуми: Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената

Германско лото: Две и пол години 250.000 евра им беа „на дофат“, но тие немаа поим за тоа

А1он

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија