Министерот Ристовски ќе го отвори Центарот за поддршка на младите во Шуто Оризари

Од:

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје, Вернер Хенгст, генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, Саит Саити и секретарот на Црвениот Крст на град Скопје Сузана Тунева – Пауновска денеска во општина Шуто Оризари, ќе го отворат Центарот за поддршка на младите, како дел од имплементацијата на програмата „Заеднички развој на заедницата“.

Центарот на поддршка на младите ќе биде можност за младите да бидат активни волонтери на Црвениот Крст, да организираат најразлични едукативни работилници, предавања и други активности со кои корисно ќе го исполнат нивното слободно време.

Целта е зајакнување на оваа ранлива заедница, но и да се изградат капацитети за справување со предизвиците на ранливост и неговите основни причинители, преку заеднички пристап и акција.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска