Моделот на Викторија Сикрет, Кендис, за на плажа секогаш одбира едноставен бикини.
23 годишната убавица, слободните денови ги минува на Мајами и за разлика од раскошните костими за капење со предизвикувачки push up градници во кои се фотографира за американскиот ланец „Викторија Сикрет“, Кендис за слободното време одбира едноставен бикини.
Иако кога е пред камерите и фото апаратите изгледа како права секси блондинка, манекенката во приватниот живот сака да изгледа што поедноставно.
Едноставниот стил уште повеќе ја нагласува витата става на убавата блондинка, а за да биде во тренд го одбира легендарниот бикини, кој денес го слави 66-от роденден, и тоа го искомбинира со занимливи детали , смеѓа туника во комбинација со очила за сонце и интересни обетки.
Ако се уште не сте го сториле и Вие одберете го омилениот модел и дизајн на најпопуларниот костим за капење на сите времиња , и уживајте во заслужениот одмор.