Романтичното патување низ Европа и Парис не беа доволно добра причина за 43-годишниот Џастин Теру да ја запроси својата девојка, актерката Џенифер Анистон (40) со која се 15 месеци во врска, иако таа цело време инсистирала.
Но, откако стигнале во Рим, тој сепак сфатил дека згрешил и клекнал на колена.
Џенифер лута и шокирана од запросувањето го одбила предлогот, по што следела караница.
Всушност и таа сфатила дека премногу го притиска своето момче, а вистината е дека и на двајцата им треба време за да се подготват на таков чекор.