Брајан Кренстон оздравел од коронавирус и донирал плазма

Од:

Ѕвездата од ТВ серијата Breaking bad, Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од Ковид-19 по што дарувал крвна плазма.

– Носете ги тие проклети маски!, порача глумецот притоа.

Брајан потоа им објаснуваше на следачите како изгледа процесот на дарување плазма, и како гледал стари филмови додека траела таа постапка.

– Имав среќа. Над 150.000 Американци починаа од ова, рече Кранстон.

Популарниот Волтер Вајт од легендарната серија, го заврши своето видео со повик да се дарува плазма и повторно ја истакна важноста на миењето раце, физичкото растојание и носењето маски.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска