Раперот Малик Б., со цело име Малик Абдул Басит, од групата „Рутс“, почина на 47 години. Причините за смртта сѐ уште не се соопштени.
Веста за смртта ја потврдија неговите другари од групата, познати под прекарите „Блек Тот“ и „Квестлов“.
– Нека биде запаметен по својата посветеност кон исламот, кон неговото братство и како еден од најнадарените Ем-си музичари на сите времиња. Ве молиме да го почитувате неговото потесно и пошироко семејство во ова наше време на жалост поради вака големата загуба, се истакнува во соопштението до медиумите.
We regretfully inform you of the passing of our beloved brother and long time Roots member Malik Abdul Basit. May he be remembered for his devotion to Islam and innovation as one of the most gifted MCs of all time. We ask that you please respect his family in our time of mourning pic.twitter.com/NVHtb2CFWP
— The Roots (@theroots) July 29, 2020
Хип-хоп групата „Рутс“ е основана 1987 година и важи за една од највлијателните во овој жанр.