Германскиот супермодел Хајди Клум по неодамнешниот развод од пејачот Сил, соопшти дека повторно нема никогаш да се омажи.
-Јас уживам во бракот, ги сакам семејните собири, но за жал тоа одамна престана да функционира, изјави Хајди за германскиот веслик „Билд“.
Таа ги негираше гласините дека има нов љубовник и дека тоа е нејзиниот колега Томас Hayo.
„Тој ниту некогаш бил, ниту пак ќе биде моја љубов. Прекрасен човек е, но не е за мене“, додаде таа.