Ристовски: Измените на Законот за работни односи во полза и на работниците и на работодавачите

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска имаа средба со претставници на работодавачите од приватниот сектор на која ги информираа за законските измени за работните односи.

Ристовски посочи дека тие се во насока на заштита на правата на работниците, но и во корист на работодавачите.

– На ваков начин создаваме услови за здрава, хумана и безбедна работна средина, како за заштита на луѓето кои што се вклучени во процесот на работа, во исто време, и заштита на работодавачите од непредвидени и неконтролирани економски и материјални загуби, рече министерот за труд и социјална политика.

Притоа посочи на измените за заштита на жената работничка од дискриминација при бременост, раѓање и родителство, кои, како што рече, забрануваат секаков облик на дискриминација врзана со пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права по основ на родителство.

Тој се осврна и на конкретните измени кои е однесуваат на сезонското ангажирање работници, според кој се предвидува вршењето на сезонска работа да се заснова работен однос и без јавно огласување, но најмногу до 90 дена, а исто така се предвидува и пробната работа да трае до три работни дена.

– Се утврди отказниот рок од седум работни дена за сезонска работа. Со измените предвидовме поради краткото времетраење на сезонската работа за времето до три месеци да не се исплатува испратнината. Во врска со прераспределбата на работата, поконкретно ги уредивме прашањата на прераспределбата на работата за вршење сезонска работа, нагласи министерот Ристовски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска