ВИДЕО: Таравари не ја прифаќа подадената рака од ДУИ

Од:

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците на вечерашната прес конференција алармираше за изборни нерегуларности, но вели дека водат пред ДУИ.

Konferencë për shtyp – Tash është Koha

Konferencë për shtyp – Tash është Koha

Posted by Arben Taravari on Среда, 15 јули 2020

„Ние сме во убедлива предност пред ДУИ“, изјави Таравари по затворањето на избирачките места.

Одговарајќи на новинарско прашање, за изјавата на Бујар Османи од ДУИ, дека сега кога избирачките места се затворени треба сите да се обединат околу концепотот за премиер Албанец, Таравари вели дека ДУИ заминува во опозиција.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои масовно излегле на овие избори и покрај тоа што, според него имале притисоци.

„Би сакал да кажам дека за време на овие избори се регистрирани бројни нерегуларности и тоа од партиите коишто се на власт СДСМ со ДУИ.

Употребено е плашење на граѓаните, употреба на полиција, ние бевме оштетени од процесот бидејќи немаме членови во изборните комисии и полициските екипи“, вели Таравари.

Според Таравари имало „бугарски воз“ во селата Лојане и Романли во Куманово.
„Злоупотреби имало и во Сарај, во селата Бојане, Рахович и Глумово. Злоупотреби на гласачите има и во другите изборни единици, но се надевам подоцна нашите екипи ќе ги регистрираат сите и ќе објават на следната прес конференција“, вели тој.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

Косово на прагот на нови предвремени избори

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците