Телото на глумицата Наја Ривера е пронајдено по шестдневна потрага во езерото Пиру во Калифорнија, соопшти денеска полицијата.
Ривера (33), инаку позната по улогата во популарната мјузикл-серија „Хор” (Glee), исчезна во средата откако отишла на рекреативно пловење на езерото заедно со својот четиригодишен син. Момчето потоа било пронајдено само на туристичкиот брод.
Шерифот Бил Ајуб изјави дека нема индиции дека смртта била насилна или дека глумицата се самоубила.
This photo of the cast of #Glee gathering together at Lake Piru today where #NayaRivera’s body was found is incredibly powerful — especially when you consider today is the 7 year anniversary of Cory Monteith’s death. I’m a mess. pic.twitter.com/RhY9hUb78E
— Dave Quinn (@NineDaves) July 13, 2020
Синот на Ривера рекол дека таа отишла да плива и никогаш не се вратила.