Отфрлена жалбата против пресудата за случајот на Џефри Раш

Од:

Весникот „Дејли телеграф“ од Синдеј ќе мора да му исплати три милиони долари на глумецот Џефри Раш, како обесштетување за клевета. Судот ја одби жалбата на издавачот.

Австралискиот оскаровец го тужеше сиднејски „Дејли Телеграф“ поради два написа и постер објавени кон крајот на 2017 година. Судот пресуди весникот да му исплати на глумецот 2,9 милиони австралиски долари (или два милиона американски долари), како компензација за минатите и идните економски загуби поради клевета.

Уредникот на весникот, Дејвид Инглис, рече дека е разочаран од пресудата на судот и од одбивањето на жалбата. Натаму, тој укажува на потребата за реформа на законот за клевета во Австралија.

Раш (69) не присуствуваше на изрекувањето на конечната пресуда, а неговиот адвокат не беше веднаш достапен за коментар.

Познатиот австралиски глумец го освои Оскарот за најдобра главна улога, за ликот на пијанистот Дејвид Хелфгот во филмот „Блесок“ (1996). Раш беше номиниран за Оскар уште трипати потоа, а исто така е познат и по улогата на капетанот Хектор Барбоса во „Пирати од Карибите“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска