Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Од:

Брачниот пар, холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли даруваа 200.000 долари во полза на иницијатива за лидерство за жените староседелки во Канада. Проектот е на Универзитетот „Сент Френсис Зејвиер“ на Нова Шкотска, поточно на Институтот Коуди, и првичната цел е да се соберат милион долари.

Инаку, Рајан Рејнолдс е Канаѓанец по националност, роден во градот Ванкувер.

„Со задоволство што ја поддржуваме неверојатната програма на Институтот Коуди и нивната работа за поддршка на староседелките. Ние сме вџашени (во позитивна смисла) од разговорите што ги имавме и – со нетрпение очекуваме да се придружиме на ова патешествие“, изјавија Рејнолдс и Лајвли во своето соопштение.

Јуни е прогласен за Национален месец на историјата на домородците во Канада, а активностите околу тоа чествување привршуваат денеска.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска